Дома Ракомет Со победа над Чешка, Украина го зазеде водечкото место во квалификациската група

Со победа над Чешка, Украина го зазеде водечкото место во квалификациската група

Ракометната репрезентација на Украина по некомплетното трето коло, во квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска, ја презеде лидерската позиција во Групата 4. Украина во првиот меч од третата рунда ја победи Чешка 26:23.

Украинците, кои во првото коло загубија во Скопје, а потоа како домаќини го совладаа Исланд и против Чешка ја искористија предноста на домашниот терен и заслужено ја однесоа победата.

Украинците водеа во текот на целиот меч, а до победата ги предводеа Жуков и Козакевич со по седум голови. За утеха на Чесите Хрстка со осум голови беше најефикасниот на натпреварот.

Колото во Групата 4 ќе се комплетира в четврток, кога во Скопје Македонија ќе го пречека Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Драма во пет сета за Газели и Вардар, Наковски остана без загубен сет

Газели Волеј спаси меч-топка против Младост УГД, а Вардар ЕМ го доби скопското дерби со Ја…