Дома Останати Кошарка Со победата над Голден Стејт, „Волците“ од Минесота го продолжуваат плеј-оф сонот

Со победата над Голден Стејт, „Волците“ од Минесота го продолжуваат плеј-оф сонот

Ланското сценарио се повторува во случаот на Голден Стејт. Минесота и во оваа сезона е една од ретките екипи во НБА лигата што успеала да добие меч против вориорси. Конечни 103:102 за „волците“ кои заслужено стигнаа со слободните фрлања на Вигинс на 12,8 секунди до крајот на средбата.

Голден Стејт одлично го отвори мечот. Од самиот почеток имаше предност што постојано ја одржуваше, а на момент во вториот период изнесуваше и 17 разлика. Но, се стопи во продолжението што донесе резултатски егал. Стеф Кари во финишот презеде одговорност и тргна по триумф меѓутоа беше непрецизен, па „пеналите“ во завршницата беа кобни за вориорси кои и натаму се без повредениот Кевин Дурант, а талични за Минесота.


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Лидерот на Голден Стејт заврши со 26 поени или 10/27 во рекетот и 1/8 од дистанца. Статистичките бројки се само потврда дека Кари во последните 13 меча шутира со слаби, за него, 29,7 отсто успешност за три поени, па најефикасен во поразената екипа беше Клеј Томпсон со 30 коша и шест освоени топки.

Херој на Минесота, пак, беше Ендру Вигинс. Не само поради слободните фрлања за победа туку и за целокупниот ефект што го имаше. Уфрли 24 поени од кои 20 во второто полувреме, Карл Ентони Таунс постигна 23 и остана покус до дабл-дабл за еден скок, ефект како имаше Рики Рубио (17 поени, 13 асистенции).

По вториот пораз во низа, Голден Стејт останува лидер во Западната конференција со две повеќе и пораз помалку од Сан Антонио. Минесота, пак, продолжи со надежите за место во плеј-офот на Западот и со скор од 27 победи и 37 порази моментно е три позиции зад Денвер, осмопласиран во конференцијата.

НБА лига

Резултати

Шарлот – Орландо 121:81

Атланта – Торонто 105:99

Чикаго – Хјустон 94:115

Милвоки – Индијана 99:85

Минесота – Голден Стејт 103:102

Далас – Бруклин 105:96

Денвер – Бостон 119:99

Сакраменто – Вашингтон 122:130 (по продолженија)

Табела

Источна конференција: Кливленд (42 победи-21 пораз), Вашингтон (40-24), Бостон (41-25), Торонто (38-27), Атланта (36-29), Индијана (33-32), Детроит (32-33), Милвоки (31-33)  –  Чикаго (31-34), Мајами (31-34), Шарлот (29-36), Њујорк (26-39), Орландо (24-42), Филаделфија (23-41), Бруклин (11-53).

Западна конференција: Голден Стејт (52 победи-13 порази), Сан Антонио (50-14), Хјустон (45-21), Јута (41-24), Л.А. Клиперс (39-26), Оклахома (36-29), Мемфис (36-29), Денвер (30-35)  –  Портланд (28-35), Далас (28-36), Минесота (27-37), Сакраменто (25-40), Њу Орлеанс (25-40), Феникс (21-44), Л.А. Лејкерс (20-45).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најлудиот кош сезонава во Евролигата 🎥

Французинот Нандо де Коло го кој важи за еден од најдобрите шутери во НБА лигата го постиг…