Дома Македонски спорт Со нула денари поддршка до државата – Бошко донесе светско злато за Македонија во „пауерлифтинг“

Со нула денари поддршка до државата – Бошко донесе светско злато за Македонија во „пауерлифтинг“

Светскиот шампион во паурлифтинг, Бошко Стаменкоски од Македонска Каменица и донесе злато на Македонија на светскиот куп во паурлифтинг кој што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, и покрај тоа што ниту една државна инситуција не го поддржа и самиот се снаоѓаше за финансии, пренесува Фокус.

,,Горд сум на првото место во светскиот куп во паурлифтинг, ,,бенч прес’’ до 75 килограми мастер, во Сараево, и продолжувам со подготовки за балканско првенство, кое што ќе се одржи во Врање, Србија, од 22 до 23 април, и квалификации за европско и светско. На светскиот куп во Сараево бев единствениот Македонец и ги одбранив боите на нашето знаме. И покрај тоа што апелирав дека ми се потребни околу 500 евра за учеството, насекаде наидов на затворени врати. Единствено рудникот Саса ми ги покри трошоците околу сместувањето, за се друго самиот се снаоѓав’’- вели шампионот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој додава дека надлежните инситуции се запознати со неговиот случај, но никогаш не добил финансиска помош и покрај тоа што ја претставува земјата, и е еден од најдобрите во својата бранша.

,,Имам тропнато на вратите на многу државни институции, но ниту една институција не помага индивидуален спортист. Гледам дека тоа воопшто не ги погодува надлежните, и понатаму се лаже, се ограбува колку што се може, се удираат во гради дека се големи Македонци, а се друго се игнорира’’ – тврди Стаменкоски.

Неколку дена пред да замине во Сараево, четириесетишест годишниот спортист ни кажа дека доставил барање за финансиска поддршка до општината, но не добил одговор. Пред две години, побарал помош од Агенција за млади и спорт, но од таму му одговориле дека не даваат пари.

Стаменкоски пред две години во Лас Вегас се закити со злато во категоријата „бенч прес“ до 75кг М1 и стана првиот Македонец кој се закити со ваков успех во оваа дисциплина. И тогаш јавно преку медиуми апелираше за финансиска поддршка од државата. Тој исто така е и балкански рекордер, а има злато и од европско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…