Фудбалскиот свет вчера беше погоден од cмpтта на Синиша Михајловиќ кој на 53-годишна возраст ја загуби битката со леукемијата.
Утрово со емотивна порака се огласи сопругата на Михајловиќ, Аријана.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога веќе нема да бидеш дел од мене, ќе направам илјадници ѕвездички од сеќавањата на тебе и тогаш небото ќе биде толку убаво што цел свет ќе се заљуби во ноќта“, стои во објавата на Аријана.
Леукемијата кај Михајловиќ за првпат се појави во 2019 година, а откако еднаш се излекува, сепак болеста се врати и го зададе најтешкиот удар кој и голем борец како Михајловиќ не го издржа.