Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Со гол во 121. минута Украина до историско четвртфинале!

Со гол во 121. минута Украина до историско четвртфинале!

И денешниот ден на Европското првенство не помина без натпревар кој не отиде во продолженија.

Шведска и Украина одиграа еден изедначен натпревар кој беше решен после 120 минути игра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Украина до водство стигна во 27. минута кога Зинчеко го отвори резултатот. Водството на Украинците беше актуелно се до 43. Минута, тогаш Форсберг изедначи на 1:1. Во второто полувреме гледавме многу сличен натпревар. По некоја шанса видовме и на двете страни меѓутоа погодок немаше.

Натпреварот отиде во продолженија, изгледаше како и двете репрезентации да имаат се помалку сили, а Шведска остана со играч помалку кога Даниелсон заработи директен црвен картон.

Клучниот момент Шевченко го направи во 106. Минута кога во игра влезе Довбик. Токму тој играч во 121. минута го постигна првиот гол во дресот на Украина и така ја одведе оваа селекција во четвртфиналето. Треба да се спомене дека асистент на овој гол беше стрелецот на првиот гол, Зинченко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…