Дома Македонски спорт Со втор пораз од Лехија заврши европската авантура на Академија Пандев

Со втор пораз од Лехија заврши европската авантура на Академија Пандев

Maкедонскиот вицешампион Академија Пандев денес со уште еден пораз од полска Лехија Гдањск го заврши настапот во Конференциската лига.

Академија Пандев денес беше поразена со 1:2 и со вкупни 2:6 беше елиминирана. Имаа желба „пандевци“ за изненадување и пресврт во денешниот натпревар што ќе беше еднакво на чудо со оглед на негативата од 1:4.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, лошата реализација како и на првиот меч во Полска скапо ги чинеше. После неколку промашени прилики на струмичани Мациеј Гајос во 37. минута ја доведе Лехија во водство. Академија Пандев имаше прилики преку Димитар Митровски, Илија Донов, Кристијан Велиновски и Осман Маронг, но не ги искористи.

Голот македонскиот претставник го постигна после еден час игра преку Митровски, а во завршницата Рафаел Птржак погоди за конечни 1:2.

Фото: ФК Академија Пандев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…