Дома Фудбал Репрезентации Сојузот му одговори на Озил: Во нашиот фудбал не постои расизам

Сојузот му одговори на Озил: Во нашиот фудбал не постои расизам

ozil

Германската фудбалска федерација излезе со официјално соопштение откако Месут Озил се пожали дека се чуствува дискримниран и најави повлекување од репрезентацијата.

Озил во својата изјава порача дека бил разочаран и погоден од расизмот и непочитувањето кое кон него го имале голем број германски фанови. Фудбалерот откри и дека добивал голем број порака со закани поради неуспехот на Германија на Светското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во соопштението од германскиот сојуз стои:

„Навистина ни е жал за одлуката на Озил да ја напушти репрезентацијата. Ние категорично ги отфрламе сите обвинувања кога е расизмот во прашање. Федерацијата долги години учествува во интеграциските процеси во Германија“.

Да потсетиме, Озил освен за лошиот настап на Мундијалот беше силно критикуван и со фотографијата со турскиот претседател Ердоган под која стоеше натпис „мој претседател“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Фудбалските надежи до 14 години ремизираа со Словенија

Македонската селекција до 14 години одигра нерешено 1:1 против Словенија во рамките на вто…