Вечерва се игра првото полуфинале во Катар во кое силите ќе ги одмерат Хрватска и Аргентина.
Аргентинците се предводени од Меси, додека Хрватите на другата страна го имаат Лука Модриќ. Двајцата великани го играат нивниот последен Мундијал во кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатото СП во Русија Хрватска и Аргентина се сретнаа во групната фаза, а славеа „коцкестите“ со 3:0. Но, треба да се знае дека од тој натпревар до денес има големи промени. Хрватска ги нема два од трите стрелци, во репрезентацијата не се Анте Ребиќ и Иван Ракитиќ.
Медимите во Хрватска веќе најавуваат и како би можел да изгледа составот со кој Далиќ ќе стартува вечерва.
Ливаковиќ; Соса, Гвардиол, Ловрен, Јурановиќ; Ковачиќ, Брозовиќ, Модриќ; Влашиќ (Пашалиќ), Крамариќ (Петковиќ), Перишиќ.
Натпреварот се игра во терминот од 20:00 часот, а ќе потсетиме во второто полуфинале ќе се сретнат Франција и Мароко, тој дуел на програта е утре.