Заврши групната фаза на ЕП и познати се сите двојки од осминафиналето. Познат е и најдобриот стрелец на воведниот дел на Европското првенство, а сосема е можно повеќето што го следат натпреварувањето да немаат ни слушнато за него.
Најмногу голови во групната фаза постигна Ѓоргес Микаутидѕе, играч чија вредност Трансфермаркт ја проценува на 15 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за 23-годишен репрезентативец на Грузија, екипата која е едно од најпријатните изненадувања на турнирот во Германија. И не само што е најдобар стрелец во групната фаза со три гола, туку на тој учинок додаде и една асистенција, па тој е и играчот кој ја имаше најдобрата комбинирана статистика за учество во голови во првата фаза од турнирот.
За Грузија одигра вкупно 28 натпревари и постигна 13 гола. На ова ЕП беше стрелец на сите три натпревари досега. Погоди против Турција (1:3), Чешка (1:1) и Португалија (2:0).