Италијанскиот гигант Јувентус поминува низ турбулентен период, откако целото раководството заедно со претседателот Ањели си поднесоа оставка.
Јувентус има сериозно обвинение за финансиски малверзации, па актуелното раководството ја презеде одговорноста и си поднесе оставка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од клубот си замина претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, извршниот директор Маурицио Аривабене, а се шпекулираше дека неизвесна е иднината и на тренерот Алегри.
Меѓутоа, сопственикот Џон Елкан потврди дека Алегри останува клучен за спортскиот проект на клубот.
„Алегри останува клучна фигура во спортскиот проект на Јувентус и ќе го води тимот до следните големи успеси“, изјави Елкан.