Алваро Мората одлично ја започна својата втора епизода во дресот на Јувентус.
Мората до сега постигна три гола, а во победата над Динамо Киев беше двоен стрелец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанецот го привлече вниманието со необичниот начин на кој ги прославуваше головите, па многумина се прашаа за што се работи.
Прославата на Мората претставува „ланецот“ кој во врзува неговото семејство бидејќи Мората во меѓувреме се ожени со неговата сопруга Алиса Кампело и доби три деца.
Инаку, Мората по трет пат татко стана пред неколку недели токму во деновите кога стана фудбалер на Јувентус.