Сопругата на голманот на репрезентацијата на Португалија, Руи Патрисио, Вера Рибеиро има совет за оваа селекција пред Мундијалот.
Рибеиро која иначе по професија е психијатар специјализиран за секс, им порача на фудбалерите да мастурбираат пред почетокот на натпреварите со цел да бидат по опуштени и помалку неровзни.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Добро познато е дека фудбалерите се напнати пред почетокот на важните натпревари, а сопругата на Патрисио смета дека ваквиот метод може да ги ослободи од сресот и дека тоа ќе им помогне да остварат подобри резултати.
„Фудбалерите за време на Мундијалот нема да бидат со своите семејства и сопруги, па сметам дека мастурбирањето може многу да им помогне при ослободувањето на стресот“, помеѓу другото порача Рибеиро гостувајќи на една португалска телевизија.
Да потсетиме, Португалија на Мундијалот ќе игра во група со Шпанија, Мароко и Иран.