Шансите се поголеми – Дончиќ може да игра на Ол-Стар!
Лука Дончиќ би можел да заигра на „Ол-Стар“ натпреварот, натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата кој се игра овој викенд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со нетрпение се чека одлуката бидејќи многумина сметаат дека Дончиќ е првиот играч „под линијата“, а повредата на Ентони Дејвис би можела да го одведе во Шарлот.
Дејвис заработил повреда на рамото во натпреварот против Оклахома, а наскоро ќе дознаеме дали ќе игра во Шарлот.
Во Њу Орлеанс сметаат дека тоа не е премногу паметно, а сето тоа оди во прилог на Дончиќ. Покрај, Дончиќ се споменува името на Донован Мичел, меѓутоа Лука е прв фаворит.
Џејмс и Адетокумбо добија најмногу гласови во гласањето кое беше во три дела. Навивачите со своите гласови даваат 50 проценти од гласовите, а се сметаат и по 25 проценти гласови од медиумите во САД и од играчите во НБА-лигата. Во еден ваков систем на гласање, најмногу загуби дебитантот Лука Дончиќ.
Тинејџерот од Словенија има фантастича прва сезона во НБА-лигата, а тоа знаат да го ценат навивачите. Дончиќ доби повеќе од четири милиони гласови и беше на второ место, веднаш зад Џејмс. Сепак, во изборот на медиумите и играчите во НБА, Лука беше „заборавен“.
Сега од НБА направија пропуст кој можеби најави дека Дончиќ за радост на сите на овие простори ќе го гледаме на „Ол-Стар“ натпреварот.
Имено, на социјалните мрежи на НБА се појави видео од најдобрите потези на Дончиќ под кое беше напишано:
„Тој не е секојдневно руки! Додавањата на магичарот Лука Дончиќ во пресрет на неговиот прв настап на Ол-стар мечот во недела!“.
Сепак, обајвата брзо промената и место „Ол-Стар“ се преправи „ѕвездите во подем“.
For reference, NBA used the same caption style when announcing D'Angelo Russell's first All-Star appearance. Looks like Luka Doncic will become the first rookie All-Star since Blake Griffin in 2011. #Mavs #MFFL pic.twitter.com/w3LGoKNWFq
— Mavs Nation (@MavsNationNet) February 15, 2019