Во Манчестер Јунајтед се плашат од вечерашниот натпревар против Партизан, а причината е само една.
Нормално, станува збор за расизам, па Солскјер вели дека играчите на Јунајтед се спремни на најлошото можно сценарио.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Разговарав со Хари и Маркус. Тие беа во Бугарија кога тоа се случи. Ни кажаа што можеме да очекуваме и каква е атмосферата. Исто така, ни кажаа и кое е најлошото можно сценарио. Спремни сме да одиме до крај на протоколот.“ – изјави Солскјер.
Според протоколот, постојат три чекори до прекин на натпреварот. Првиот е да се опомени публиката, а доколку тоа не успее, играчите се повлекуваат во соблекувалната, а публиката повторно добива опомена.
Ако и тогаш нема промени, тогаш натпреварот дефинитивно се прекинува, па како што кажува Солскјер, Јунајтед е спремен на тоа.