Дома Фудбал Лига на шампиони Солскјер: ПСЖ не врати во реалноста

Солскјер: ПСЖ не врати во реалноста

Maнчестер Јунајтед вчера запиша пораз од 0:2 на домашен терен против Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Во реваншот „црвените ѓаволи“ ќе имаат тешка задача да го свртат резултатот во своја корист.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа Норвежанецот Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед нема намера да се предаде пред време после фантастичната низа која ја има во Премиер лигата.

Според Солскјер клучниот момент натпреварот бил првиот погодок на Кимпембе кога се сменил текот на натпреварот.

„Откако стигнаа до водство тие тргнаа во налет по нов погодок и го контролираа натпреварот. Можеше да се забележи дека долго време не сме играле еден натпревар на такво ниво. Се можеше да заврши и поинаку. Овој пораз ќе не врати во реалноста, но нема да ја одреди сезоната. Одиме во Париз да одиграме подобар натпревар“, порача Солскјер.

https://www.youtube.com/watch?v=A8a3886YvZE

Потоа ги прокоментира повредите на Лингард и Марсијал.

„Повредите не можат да бидат оправдување затоа што ние сме тим кој има квалитетни играчи на клупата за резерви кои чекаат своја шанса. Кога во прашање е црвениот картон на Погба, само се обиде да се заграи, но немаше среќа. Дани Алвес е доволно искусен и паметен фудбалер, па знаеше како да ја искористи ситуацијата“, заврши Норвенажанец.

Реваншот помеѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед е закажан за 6-ти март на „Паркот на Принцовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…