Утре на програмата е големото градско дерби, па Манчестер Јунајтед ќе го пречека Сити на „Олд Трафорд“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер е под голем притисок поради лошите резултати, но сепак верува дека може да дојде до победа во градското дерби.




„Го оставивме тој меч со Ливерпул позади себе. Ќе остане во историските книги, но после тоа имавме добра недела и два добри меча на гости. Мораме да веруваме дека можеме до добар резултат. Ова е градско дерби и сигурно ќе имаме голема поддршка од публиката“, изјави Солскјер.




„Роналдо е еден од најдобрите кои некогаш играле фудбал и неговиот допринос на теренот е огромен. Како се однесува, постигнува голови, работи за тимот, навистина е неверојатен. Не разбирам како некој може да каже нешто негативно за него“, додаде Оле.