Манчестер Јунајтед денес како гостин го совлада Брајтон со 3:2 во навистина неверојатен натпревар (повеќе за натпреварот тука).
„Црвените ѓаволи“ до триумф дојдоа во 10-тата минута од судиското продолжение со гол од пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
После натпреварот и Солскјер даде изјава за висината на головите во Скопје на натпреварот помеѓу Шкендија и Тотенхем.
„Треба да бидеме благодарни што Жозе не беше овде да ја измери висината на головите. Во спротивно ќе имавме проблем“, изјави Солскјер.
Едно е сигурно – стативите од Арената станаа славни!