Манчестер Јунајтед е во криза. Иако со доаѓањето на Солскјер се чинеше дека доаѓаат подобри денови за Црвените ѓаволи, радоста на навивачите на овој тим беше привремена.
Така, Јунајтед во последните девет натпревари доживеа дури седум порази и се подалеку се од пласман во ЛШ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот Оле Гунар Солскјер веќе гледа кон наредната сезона. Ќе има промени во екипата и тоа големи.
„Треба време да согледаме се’ и да видиме кој сака да се жртвува за клубот да тргне напред.“ – изјави Солскјер и додаде:
„Тоа брзо ќе го дознаеме и тоа се играчите со кои ќе продолжиме да работиме. Вечерва видовме желба за резултат, тоа го барам од нив, но сакам да го гледам на секој натпревар.“
„Сакам да се убедам дека имам вистински карактери кога ќе ги започнеме припремите за следната сезона. Кога сте играч на Јунајтед, светлата се свртени кон тебе, а ти мора да работиш напорно секој ден. Тоа е должност на играчите.“ – додаде менаџерот на Јунајтед.
Јунајтед моментално е на шестата позиција во ПЛ со 64 бода, односно три помалку во однос на Челси, кој е на четвртата позиција, место кое води во ЛШ.