Дома Фудбал Англија Солскјер одржал кризен состанок со Роналдо и другите лидери на тимот

Солскјер одржал кризен состанок со Роналдо и другите лидери на тимот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер вчера иницирал состанок со шестмина од лидерите на тимот во обид да ја спаси сезоната, но и неговата работа.

Според „Дејли Мејл“, присутни биле Кристиано Роналдо, Бруно Фернандеш, капитенот Хари Мегваер, Лук Шо, Виктор Линделоф и Немања Матиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Солскјер сакал да ги слушне мислењата на играчите за тоа како тимот може да ги подобри своите перформанси и резултати. Се разговарало и за тактичкиот план и задачите на соодветните изведувачи, откако 48-годишниот Норвежанец го променил планот за игра по тешкиот пораз од Ливерпул и решил да форсира формација со тројца централни дефанзивци.

 Изминативе денови се шпекулираше дека само прашање на време е кога Оле Гунар Солскјер ќе замине и дека раководството веќе донело одлука за тренерска смена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино на листата кандидати за нов тренер на Милан

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино може да го смени клубот на лето. Според „La Repubblic…