Дома Топ вести Солскјер му најде идеален партнер на Бруно Фернандеш

Солскјер му најде идеален партнер на Бруно Фернандеш

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите на Островот.

24-годишното десно крило Рафиња ја игра првата сезона во Лидс и веднаш го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот од почетокот на сезоната има постигнато 4 гола и 5 асистенции на 17 меча за Лидс. Во Манчестер Јунатед сметаат дека тој ќе биде идеален партнер на Бруно Фернандеш бидејќи двајцата беа соиграчи во Спортинг Лисабон.

Меѓутоа, Јунајтед треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за неговиот потпис интерес покажува и Ливерпу.

Лидс за потписот на Рафиња минатото лето плати 20 милиони евра, па сигурно нема лесно да се откаже од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …