Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер го спореди Рашфорд со Кристиано Роналдо откако младиот Англичанец игра во одлична форма во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рашфорд и синоќа постигна гол во победата над Њукасл и остана најдобар стрелец на тимот во тековната година.
„Маркос е природен феномен. Тој се грижи за формата и работи многу, а кога еден фудбалер има такви навики и талент многу лесно може да се искачи на врвот. Се сеќавам на уште едно момче кој така ја користеше главата пред противничкиот гол, а тоа е Роналдо. Во Јунајтед често ги споредуваме двајцата, а сметам дека наскоро тоа ќе го прави цел свет“, истакна Солскјер.