Дома Фудбал Лига на шампиони Солскјер во огромни проблеми: Со кого ќе „брка“ негатива против ПСЖ?

Солскјер во огромни проблеми: Со кого ќе „брка“ негатива против ПСЖ?

Oгромни проблеми за Оле Гунар Солскјер пред натпреварот во Париз.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез и Ентони Марсијал ќе го пропуштат претстојниот реванш во осминафиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен поради повреда, пренесуваат денес британските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер има многу повредени играчи на кои им се приклучи и Санчез. Тој ги повреди лигаментите во текот на натпреварот против Саутемптон (3:2).

Од претходно повредени се Андер Ерера, Немања Матиќ, Џеси Лингард и Хуан Мата, а до натпреварот сигурно нема да се опорави ниту Марсијал.

Солскјер не сака да ризикува бидејќи Марсијал не тренираше со екипата. Пари Сен Жермен во првиот натпревар на „Олд Трафорд“ победи со 2:0, а реваншот се закажан за во среда во Париз.

Инаку, Солскјер неодамна откри дека направил видео снимка за промоција на влезниците за наредната сезона што многумина го протолкуваа како доказ дека Норвежанецот ќе добие нов договор.

„Снимивме реклама за сезонските влезниците и така ги молам навивачите да ги купат. Дали јас ќе бидам во клубот наредната сезона како тренер или ќе бидам само навивач, тоа не знам. Но, сеедно навивачите секако би требали да ги купат влезниците затоа што овој клуб е на вистинскиот пат. Верувам дека Манчестер Јунајтед се враќа на победничките патеки“, гласеше изјавата која Солскјер ја даде неодамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…