Дома Фудбал Англија Солскјер во живо го гледаше првиот пораз на ПСЖ (видео)

Солскјер во живо го гледаше првиот пораз на ПСЖ (видео)

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гинер Солскјер влезе во вистинска трка со времето и успеа во живо да го гледа натпреварот помеѓу Лион и ПСЖ.

Солскјер само 20 минути по завршувањето на мечот против Лестер се качи на приватен лет и одлета за Лион заедно со својот асистент Мајк Фелан.

Се разбира, причината за тоа е фактот што следната недела Манчестер Јунајтед ќе ги одмери силите со ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони на „Олд Трафорд“.

Солскјер и Фелан не им донесоа среќа на „парижаните“ кои синоќа го доживеаа првиот пораз сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Андер Ерера се врати и ќе ја донира цела плата

Андрер Ерера, некогашен фудбалер на Атлетик Билбао и Манчестер Јунајтед, летово беше без к…