Клучниот човек се чини за реализација на трансферот на Алексис Санчез од Арсенал во Манчестер Јунајтед е Ерменецот, Хенрик Михтаријан.
За официјализација на овој трансфер, се чекаат само моменти, а од Островот пристигнуваат информации како Ерменецот ја доживува ваквата ситуација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Михтаријан не е толку задоволен од својот трансфер, иако го прифати барањето на Мурињо, па потешко од очекуваното се збогува со своите соиграчи.
Како што се наведува, тој плачел додека го напуштал тренинг центарот на Јунајтед.
„Имаше навистина многу солзи. Хенрик беше многу популарен меѓу своите соиграчи во Јунајтед и му беше навистина тешко да ја прифати оваа ситуација“, истакна близок извор од стручниот штаб на Мурињо за угледниот „Дејл Меил“.