Ужасни сцени доаѓаат од лондонското дерби меѓу Арсенал и Вест Хем, каде тешка повреда доживеа египетскиот репрезентативец Мохамед Елнени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за повреда на глуждот со која Елнени се здоби при крајот на првото полувреме, па во солзи и на носилки беше изнесен од „Емирати“.
Фотографиите покажуваат дека најверојатно станува збор за тешка повреда, што е лоша вест за 25-годишниот играч за врска, но и за Египет.
Елнени заедно со Салах е најважниот фудбалер во египетската репрезентација, а прашање е дали ќе се опорави за Мундијалот.