Дома Фудбал Солари со порака до Иско: Никој нема загарантирано место само поради името!

Солари со порака до Иско: Никој нема загарантирано место само поради името!

Тренерот на Реал Мадрид, Сантиаго Солари смета дека апсолутно секој фудбалер може да биде заменет и секој треба да се труди за место во стартниот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На пресконференцијата неизбежно беше прашањето за Иско, кој е во немилост на Солари.

„Фудбалерите треба да даваат се од себе си за да му бидат на располагање на тренерот. Постои и пад на формата и многу фактори кои влијаат на неа. Работата на тренерите е да избираат“, истакна Солари.

„Во фудбалот има фудбалери кои играат 10 или 12 години како стартери, но нема играч кој е вечно во стартниот тим поради името. Марадона сега е тренер, а Пеле работи во ФИФА“, ироничен беше Солари.

Утре Реал Мадрид ќе ја пречека Мелија во натпрвар од Купот на кралот, а првиот дуел заврши со победа на „кралевите“ од 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…