Реал Мадрид синоќа повторно ги разочара своите навивачи. Кралевите ремизираа на гостувањето кај Виљареал со 2:2.
Домашниот тим дојде до водство, а потоа Реал возврати со два погодоци за 13 минути, но Санти Казорла на осум минути пред крајот му донесе бод на својот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал не играше на своето ниво, а во второто полувреме Солари одлучи на клупата да ги испрати Бејл и Лука Модриќ.
Модриќ не одигра доволно добро поради проблеми со грипот, па сите се согласуваат дека тоа е еден од неговите најлоши натпревари.
„Модриќ направи се што можеше ако знаеме дека беше со грип. Даваше се од себе додека можеше и сме му благодарни.“ – изјави Солари.
Последните неколку месеци се шпекулира дека Модриќ одбил нов договор со Реал и дека постои можност кариерата да ја продолжи во Интер.