Дома Фудбал Италија Солари експресно одговори на критиките од Роналдо!

Солари експресно одговори на критиките од Роналдо!

Кристиано Роналдо се најде на удар на навивачите на „кралскиот“ клуб, после изјавата дека Јувентус е поголемо семејство од Реал Мадрид.

Роналдо во интервју за италијанските медиуми изјави дека соблекувалната на Јувентус е поскромна и пообеднинета од онаа на Реал Мадрид, каде постојано се истакнуваат поединци.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Можам да кажам дека ова е најдобрата група на фудбалери со кои некогаш сум играл. Вистински тим. Во други клубови поединци себе се сметаа за поважни од останатите, додека во Јуве сите се на исто ниво. На пример ако Дибала или Манџукиќ не постигнат гол, секако ќе бидат пресреќни ако тимот победи. За мене тоа е прекрасно, така ја разбрав разликата помеѓу Мадрид и Торино. И во соблекувалната на Реал имаше скромни момци, но овде сите се скромни и има фамилијарна атмосфера“, изјави Роналдо.

Оваа изјава предизвика лавина реакции, па стигна експресен одговор од тренерот на „кралевите“, Сантиаго Солари.

„Скромноста е одлика која големите играчи мора да ја имаат, а ние во Реал сме фантастична и скромна екипа. Кога ќе ги земете сите сегменти во светот на фудбалот кои го прават тимот, тогаш ова е врвна екипа. Кристиано секогаш ќе биде дел од овој клуб во кој испиша историја. Не можам јас да судам како тој се чувствува, тоа е негово право да каже што сака“, изјави Солари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …