Дома Фудбал Останато Соиграчот од Јунајтед: Ќе му го украдам телефонот на Погба за да не преговара со никого

Соиграчот од Јунајтед: Ќе му го украдам телефонот на Погба за да не преговара со никого

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира се пошегува дека ќе му го „украде“ телефонот на Пол Погба за да биде сигурен дека Французинот нема да си замине од „Олд Трафорд“.

Веќе долго време се шпекулира за можно заминување на Погба. Наводно, големиот интерес покажаа Јувентус и Реал Мадрид, додека самиот играч најави дека е спремен да проба нешто ново.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, се уште ниедна понуда не пристигнала во Манчестер, а неодамна Оле Гунар Солскјер истакна дека очекува да го има Погба во тимот и наредната сезона.

„Погба е одлична личност. Многу е важно да остане со нас. Тој е голем фудбалер и неверојатна личност. Учам од него секој ден. Можеби ќе му го украдам телефонот за да не може да разговара со никого“, изјави Переира.

Манчестер Јунајтед во овие момент се наоѓа на припремите во Сингапур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…