Дома Фудбал Италија Совет за Милан: Купете некој од Икарди и Кавани!

Совет за Милан: Купете некој од Икарди и Кавани!

Поранешниот напаѓач на Милан, Марко Симоне смета дека „росонерите“ би требало да го доведат Мауро Икарди кој многу веројатно нема да остане во ПСЖ, а е во втор план кај Антонио Конте.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер го позајми Икарди во ПСЖ и таму Аргентинецот игра сосема солидно (20 голови на 31 натпревар). Сепак и покрај тоа во медиумите деновиве и во Шпанија и во Италија се тврди дека тој нема да остане во Париз.

Марко Симоне смета дека Милан би требало да ја искористи шансата и да го доведе.

„Би го задржал Леао, има сила и талент. Ако на талентираниот секогаш му бараш мани, тогаш започнуваш од нула. На Милан ќе му недостасува напаѓач ако Ибрахимовиќ замина. Мислам дека Милик од Наполи добро би се снашол, а јас лично доколку би бил таму би се обидел да доведам некого од Кавани и Икарди. Мауро би можел да биде идеално засилување“.

Милан до прекинот на Серија А беше седми на табелата и постигна најмалку голови од сите екипи во горната половина на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…