Дома Фудбал Лига на шампиони Собрал 10.000 фунти да го гледа финалето во Мадрид, а сега тие пари ќе бидат потрошени за неговиот погреб…

Собрал 10.000 фунти да го гледа финалето во Мадрид, а сега тие пари ќе бидат потрошени за неговиот погреб…

Навивачот на Ливерпу, Дејв Еванс има една тажна животна приказна…

Еванс ова зимо започнал да собира пари за да оди на финалето во Лигата на шампионите. Уште тогаш тој верувал дека неговиот Ливерпул може да стигне до големото финале и собрал 10.000 фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Успеал да собере пари за патувањето, влезницата и резервацијата во хотелот, но тогаш му бил дијагностициран рак. Поради тоа тој сега ги брои последните денови од животот и единствена жеблба му е да го изгледа финалето, барем од болничката постела.

„Прво се преселивме во Нов Зеланд на 19 декември, а веќе на 22-ри му беше дијагностициран рак“, изјави сопругата на Дејв, Лиз.

„Кажано ни беше дека не може да преживее и дека без хемотарапијата ќе има само уште неколку месеци живот. Беше тоа огромен шок за сите нас бидејќи не беше болен претходно. Моравме да направиме тестови, скенирање и медицински прегледи пред да емигрираме тука и таму ништо не се појави, но почна да го боли желудникот и тогаш дознавме дека е болен“, открива Лиз.

Пред три недели докторите му даваа уште 14 дена живот. Сега се бори да го изгледа натпреварот.

„Успеавме да заштедиме 10.000 фунти за патување на Дејв во Мадрид, но сега тие пари ќе мораме да ги потрошиме за неговиот погреб“, додаде сопругата на Лиз.

Порака до Дејв испрати и легендарниот играч на Ливерпул, а денес тренер на Ренџерс, Стивен Џерард.

„Биди силен и бори се. Жал ми е што нема да може да дојдеш во Мадрид и да навиваш. Покажа голема храброст и најмалку што можам да направам за тебе е да го снимам ова видео. Чувај се“, му порача Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…