Тема број еден во фудбалска Шпанија овие денови е статусот на Антоан Гризман. Дали ќе ја прифати понудата на Барселона која летово ја прифати или ќе се одлучи со срце и ќе прифати поголем договор во Атлетико.
Барселона е подготвена да ја активира клаузулата од 100 милиони евра. Атлетико е подготвен да го направи Французинот еден од најдобро платените на светот ако остане, па така се останува на Гризман.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Додека се чека неговата одлука, соблекувалната на Атлетико врши притисок на Гризман да остане. Соиграчите и отворено го повикуваат да не оди во Барселона.
„Не сакаме кога нашите соиграчи не напуштаат бидејќи сме фантастична екипа и треба да останеме заедно. Се чувствуваме горди што тим како Барселона го сака Гризман, а реалноста е дека тој е наш играч. Сака да победува со нас и има договор тука. Ќе видиме што ќе биде“, истакна играчот за врска Коке.
Во кампањата за убедување се вклучи и Диего Коста, кој дури и испрати заканувачка порака до Французинот.
„Гризман е големо момче и знае што треба да прави. Чувствува колку ни е важен. Знае дека сакаме да остане. На нему е да донесе одлука за останување или заминување. Гледам дека само финалето му е во мислите, дека сака да освои титула и да испише историја. Знае и колку навивачите го сакаат. Јас заминавод Атлетико, стекнав нови искуства и се вратив. Но, јас имав среќа да се вратам. Тој знае дека нема враќање тука ако замине. Нека размисли за тоа…“, порача Диего Коста.
Барселона изминатото лето ппостигна устмен договор со Гризман и неговите претставници да го почека и следното лето и да ја активира откупната клаузула. Атлетико му нуди преку 20 милиони евра по сезона ако остане. Тоа е многу од она што му го нуди Барселона.