Вчера во рамките од Лигата на шампионите Барселона на гостински терен го победи Манчестер Јунајтед минимално со 0:1.
Пред натпреварот Крис Смолинг даде изјава која привлече многу внимание. Имено, дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ порача дека знае како да го запре Лионел Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ако оваа негова изјава предизвика коментари, тие уште повеќе ги има откако тој вчера веројатно на дело покажа дел од неговата „тактика“ за запирање на Меси.
Smalling challenge in Messi pic.twitter.com/RIVUOFaHcO
— GOAT ? (@messigoalss) April 10, 2019
Имено, тој во еден дуел го удри Аргентинецот и му го раскрвари носот, а после натпреварот објасни дека фудбалерите на Барселона не биле навикнати на таква игра.
„Навистина воопшто немав намера да го повредам. Ние играме агресивно во секој натпревар, така беше и во овој, но тие не се навикнати“, објасни Смолинг после средбата.
Јунајтед беше поразен со 0:1, а до таа победа Барса стигна со автоголот на Лук Шо.
https://www.youtube.com/watch?v=_9XvMhKQmLQ
„Излегувавме високо, така им ја отежнувавме работата, мислам дека тоа не го очекуваа. Сепак, за жал не успеавме да постигнеме гол иако создадовме неколку добри прилики. Имавме шанси и во првото и во второто полувреме. Во вторите 45 минути ги притиснавме од самиот старт и им создадовме многу проблеми. Целосно беа неутрализирани, освен голот мислам дека имаа само уште еден шут кој Де Геа го одбрани“, изјави Смолинг.
Како и да е резултатот 0:1 му дава за право на Јунајтед да се надева на пресврт во реваншот на „Камп Ноу“.