Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер забележува одлични резултати и од изгубена сезона дојде во позиција да се бори за место во Лигата на шампионите наредната сезона.
Солскјер во тимот донесе неверојатна свежина и клубот на 12 натпревари во сите натпреварувања забележа дури 10 победи и до последниот натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите не знаеа за победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во понеделник „црвените ѓаволи“ ги очекува и натпревар против Челзи во англискиот ФА Куп.
„Мораме да се погрижиме да освоиме трофеј, ќе одиме со сите сили по него. Против Челзи немаме премногу добри резултати, но на почетокот од сезоната бевме многу блиску до победа. Игравме многу добро и треба да се обидеме да напредуваме во однос на тој натпревар. Играме во понеделник, а тоа значи дека ќе не гледа целиот свет“, изјави Смолинг.
Стоперот како и целиот тим на Манчестер Јунајтед ужива под водство на Норвежанецот, а неодамна стави и потпис на нов договор.
Смолинг сепак смета дека и Солскјер како и секој менаџер има незгодна страна.
„И Оле сигурно има незгодна страна. Мислам дека ја има секој менаџер и мора да ја покаже кога работите не одат како што треба, секој менаџер треба да ги има сите позиции покриено. Уживаме да играме под водство на Солскјер навистина е фантастичен“, истакна Смолинг.