Дома Останати Тенис Смешно: Британски новинар објаснува зошто Ѓоковиќ не е најдобар на сите времиња

Смешно: Британски новинар објаснува зошто Ѓоковиќ не е најдобар на сите времиња

Во моментите кога Новак Ѓоковиќ го освои третиот сет во финалето на Ролан Гарос дури и најголемите критичари на српскиот тенисер останаа без аргентументи. Според најголемиот дел од спортскиот свет, Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.

Меѓутоа сега новинарот Бен Брамбл од „Гардијан“ се обиде да објасни зошто Ѓоковиќ не е најдобар во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Освоени 23. грен-слем титули е рекорд, но ве молам, немојте да го нарекувате најдобриот на сите времиња“, е насловот на неговата колумна во која изнесува по малку смешни аргументи.

Секој може да има личен став и тука нема никаква дилема или нешто чудно, но аргументите на Брамбл навистина звучат смешно.

„Многумина сега кажуваат дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња. Но, исто така многумина е размислуваат дали да кажат такво нешто. Изгледа дека Федерер е барем еднакво голем. Можат ли бројките да лажат? Да“, пишува Брамбл во неговиот вовед.

„Да претпоставиме дека ќе се појави тенисер висок три метри. Секој негов сервис е ас. Никогаш не губи свој сервис-гем. Тој тенисер ќе биде ли најголем ако освои 30 грен-слемови? Не! Или да претпоставиме дека започнува нова светска војна и поголемиот број млади момци се регрутирани во војска, а во таква ситуација грен-слемовите уште се играат и некој успее да осво и30? Дали тој е најголем играч во светот? Секако дека не! Кога се разговарав за такво нешто мора да се земат во предвид и други фактори, како што се: Ерата во која игра, физички предиспозции…“, се обидува да објасни Брамбл.

Во продолжение од текстот тој се обидува дополнително да ги објасни своите „аргументи“.

„Од 2019 година Ѓоковиќ освои осум грен-слем титули. Меѓитоа во тоа време Федерер беше престар и често повреден и не можеше да игра во својата најдобра форма. Освен тоа конкуренцијата на Ѓоковиќ беше прилично слаба. Не е дека тие грен-слемови не се сметаат, но имаат помала вредност. Следно што треба да се земе во предвид се физичките предиспозиции. Ѓоковиќ не е висок три метри, но е екстремно брзо и флексибилен. Некои ќе кажат дека е „човек од гума“. Тоа е голема физичка предност и му дозволува да ги продолжи поените и да ги скрши своите противници. Неговите вештини се важен дел од неговиот успех, но истовремено неговата физичка предност ја намалува вредноста на неговите достигнувања“, наведува Брамбл.

„Можеби некој ќе каже дека Ѓоковиќ има подобар меѓусебен скор од Федерер. Но, ниту тоа не е релевантно, затоа што не беа најдобри во исто време. Федерер најдобрата верзија од себе беше од 2004 до 2009 година, а ѓоковиќ од 2011 до 2016 година“, заклучува новинарот.

Навистина, без разлика за кого навивате, ваквите „аргументи“ против Ѓоковиќ изгледаат смешно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…