Дома Фудбал Слободен удар каков што изведоа играчите на Торино не сме виделе од поодамна (ВИДЕО)

Слободен удар каков што изведоа играчите на Торино не сме виделе од поодамна (ВИДЕО)

Во еден од дерби натпреварите во 34-тото коло од Серија А Торино го пречека Милан и на крајот славеше победа од 2:0.

Освен погодоците на домаќините, натпреварот беше обележан и со еден детал од првото полувреме кога имаше досуден слободен удар за „биковите“.

Тројца играчи на Торино, Беренгуер, Белоти и Анслади застанаа покрај топката и се обидоа да ги надмудрат „росонерите“ на генијален начин. Белоти ја испрати топката до Беренгуер кој ја пропушти топката за Ансалди кој шутираше кон голот.

За несреќа на тимот од Торино играчот на Торино беше непрецизен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…