Македонскиот прволигаш Шкендија доживеа непријатна елиминација уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига, па сигурно ќе следи реконструкција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информациите, нов спортски директор на клубот треба да биде легендарниот швајцарски репрезентативец Адмир Мехмеди. Тој е роден во Гостивар и за првпат би можел да дојде да работи во македонскиот фудбал.
Тој треба комплетно да го трансформира тимот, но и поставеноста на целиот клуб според европски терк, со оглед на неговото големо искуство.
Мехмеди во кариерата беше дел од Баер Леверкузен, Фрајбург и Волфсбург во Бундеслигата, а играше и за Динамо Киев и за Цирих.