Дома Фудбал Англија Славниот англиски судија: Ваков пенал во Премиерлига никогаш нема да се досуди!

Славниот англиски судија: Ваков пенал во Премиерлига никогаш нема да се досуди!

Манчестер Јунајтед синоќа направи големо изненадување и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони, откако го победи ПСЖ на гостински терен со 1:3.

Голема прашина се крена токму за третиот гол на Манчестер Јунајтед, кој го постигна Рашфорд од белата точка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Судијата Скомина после консултација со ВАР досуди пенал за „црвените ѓаволи“ после играњето со рака на Кимпембе во шеснаесетникот.

Денес многу експерти дебатираа на оваа тема, а свое видување даде и славниот англиски судија Марк Клатенбург. Тој тврди дека ваков пенал во Премиер лигата никогаш нема да биде досуден, но според правилата на УЕФА правилно бил досуден.

„На луѓето мора една работа да им биде јасна, Дамир Скомина во целост ги испочитува законите и правилата на УЕФА, затоа тоа беше досуден пенал за Јунајтед. Сигурно е дека ПСЖ по ова ќе бидат бесни, но никоја екипа не е над правилникот на УЕФА“.

„Фудбалерот Кимбампе не играше намерно со рака, но инструкциите кои произлегуваат од куќата на фудбалот, одат во таа насока дека судиите не смеат да гледаат дали некој играл со намера или случајно, ако е рака, тоа е пенал. Ова во Премиерлигата не би бил пенал, но во ЛШ поради УЕФА, ова мора и треба да биде пенал“, истакна Клатенбург.

Клатенбург пред две сезони се реши да ја напушти Премиер лигата и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, каде има задачата да ги обучува домашните судии.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…