Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане вчера ја доби наградата за најдобар фудбалер на Африка.
Сенегалскиот фудбалер со 477 гласови беше убедливо најдобар пред соиграчите од Ливерпул Мохамед Салах (325) и играчот на Манчестер Сити Ријад Марез (267).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мане после добивањето на наградата не зборуваше многу и беше скромен во изјавата која ја сакам.
„Искрено, повеќе сакам да играм фудбал отколку тука да држам говор. Среќен сум и горд во исто време. Му благодарам на моето семејство, посебно на мојот вујко кој е тука. Ове е голем ден за мене и сакам да му се заблагодарам на сенегалскиот народ и оние кои гласаа за мене. Доаѓам од мало сло по името Бамбали и сигурен сум дека вечерва сите ме гледаат“, изјави Мане.
Мане минатата сезона играше навистина одлично. Постигна 32 гола во 53 настапи за Ливерпул и беше едноставно назапирлив за противниците.
Сенегалецот и оваа сезона игра одлично и веќе има 15 голови и 11 асистенции.
“I’m from a very small village called Bambali and I’m sure they are all watching me tonight.”#SadioMane showed how much this means to him tonight with a touching speech. #CAFAwards2019
— Lorenz Köhler (@Lorenz_KO) January 7, 2020
? Champions League
? Club World Cup
? African POTY
Whats next? ? pic.twitter.com/Klhu94Pv8E