Дома Останати Кошарка НБА Скромен Дончиќ, Клиперси изедначија против Далас, Бостон пред елиминација 🎥

Скромен Дончиќ, Клиперси изедначија против Далас, Бостон пред елиминација 🎥

Лос Анџелес Клиперси стигнаа до втората победа во Далас и серијата од првата рунда на плеј-офот против Мавси ја вратија на почеток.

Не сметајќи ги отворањето на натпреварот кога домаќините имаа предност во неколку наврати. Клиперси беше тимот кој доминираше, а тоа го покажува и конечниот резултат 81:106.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Гостите до победата ги предводеше Каваи Ленард со 29 поени и 10 асистенции, додека Пол Џорџ додаде 20 поени. Лука Дончиќ со 19 беше најефикасен кај Далас, но благата повреда на рамото не му дозволуваше да биде на своето ниво и имаше шут од игра 9/24.

Уште еден ефикасен меч беше виден помеѓу Бостон и Бруклин. Бруклин успеа да направи „брејк“ (126:141) и стигнаа до предност во серијата од 3:1. Клучна беше играта во втората четвртина која Бруклин ја доби со 14 поени разлика (26:40).

Кај Нести најефикасен беше Дурант со 42 поени. Одличен беше и Ирвинг со 39 и 11 скокови. Харден натпреварот го заврши со 23 поени и дури 18 асистенции. Кај Селтикси се издвои Тејтум со 40 поени.

Во натпреварот кој се играше нешто порано Феникс на гости ги доби Лејкерси со 92:100 и така изедначи на 2:2 во серијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…