Дома Фудбал Скриниар: Покажавме дека можеме да бидеме на нивото на Ливерпул

Скриниар: Покажавме дека можеме да бидеме на нивото на Ливерпул

Интер синоќа загуби од Ливерпул на домашен терен (0:2) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампиони.

Дефанзивецот на „нероаѕурите“, Милан Скриниар истакна дека Интер не заслужил таков пораз и покажал дека може да биде на нивото на Ливерпул.

„Во Лигата на шампиони одлучуваат детали. Создадовме многу шанси, но не ги реализиравме. Доминиравме во некои аспекти, но не го искористивме тоа. Кога нема да ги искористиш шансите, вакви тимови веднаш те казнуваат“.

„Но јас сум задоволен од нашиот тим бидејќи покажавме дека можеме да играме на нивото на Ливерпул. Ќе се обидеме да направиме пресврт на гостувањето, но знаеме дека тоа ќе биде многу тешко“, изјави Скриниар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…