Дома Македонски спорт Мак фудбал Скопското дерби без победник: 17 годишниот „џокер“ на Работнички го „поништи“ прекрасниот гол на Мицевски ?

Скопското дерби без победник: 17 годишниот „џокер“ на Работнички го „поништи“ прекрасниот гол на Мицевски ?

Денес на Арената „Тодор Проески“ се одигра скопското дерби помеѓу Работнички и Вардар.

Поради ситауцијата во Вардар Работнички пред натпреварот беше благ фаворит, но Вардар покажа дека и со ваков состав може да се надигрува.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар создаваше шанси и во првиот дел меѓутоа недостасуваше реализација. Мрежата на Работнички ја затресе капитенот на овој натпревар и човекот кој пред натпреварот го крена пехарот за минатата сезона, Дарко Мицевски. Мицевски на мајсторски начин ја заврши одличната акција.

Во 71. Достаниќ го освежи нападот со 17 годишниот Лука Станковски кој влезе на местото на Стојков и тој негов потег се покажа и тоа како добар.

Само пет минути подоцна по едно нафрлување од прекин Станковски се најде на вистинското место во петерецот и го совлада голманот Илиќ за конечни 1:1.

Во останатите два натпревар Академијата Пандев славеше против Струга Трим Лум со 1:0, додека Македонија Ѓорче Петров беше подобра од Беласица со 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…