Дома Фудбал Скомина сфати дека погрешил – беше скршен во соблекувалната

Скомина сфати дека погрешил – беше скршен во соблекувалната

Рома со 4-2 го победи Ливерпул, но тоа не беше доволно да се надполни негативата од „Енфилд“ и остана без пласман во финалето.

Сепак, после мечот во центарот на вниманието е судијата Дамир Скомина, кој направи неколку големи грешки, кои според многумина беа одлучувачки за крајниот исход.

Од таборот на Рома сметаат дека не им биле досудени два пенали, а при едниот Арнолд требаше да добие и црвен картон доколку беше покажано на белата точка.

Според италијанскиот новинар,Танкреди Палмери, Скомина по мечот сфатил што направил и се почувствувал многу лошо поради тоа.

„Судијата Скомина по мечот во соблекувалната се чувствуваше скршен откако си ги сфати грешките, призна дека погрешил“, вели Палмери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …