Дома Фудбал Англија Сколс 19 сезони играше во Премиер лигата, но има помалку асистенции од Питер Крауч (ФОТО)

Сколс 19 сезони играше во Премиер лигата, но има помалку асистенции од Питер Крауч (ФОТО)

Легендарниот ангкиски играч за врска целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед.

Сколс со „црвените ѓаволи“ освои се што можеше да се освои и беше еден од најважните фудбалери во ерата на Сер Алекс Фергусон. Овој фудбалер играше дури 19 сезони во Премиер лигата, но фудбалскиот свет е изненаден од тоа колку малку асистенции имал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сколс кој играше во средината на теренот важеше за важен дел од составот на Јунајтед, но веројатно и вие самите не можете да поверувате дека повеќе асистенции од Сколс има – Питер Крауч! Легендарниот фудбалер се наоѓа дури на 24-тата позиција.

За 19 сезони поминати во Манчестер Јунајтед Сколс има само 24 асистенции. Питер Крауч има една асистенција повеќе од него, а пред него се уште Стујарт Даунинг, Ешли Јанг, Џејмс Милнер и Ерик Кантона што е секако големо изненадување. Една асистенција помалку од Сколс (54) има легендарниот напаѓач на Челзи Дидиер Дрогба.

Интересно е и што поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Џонатан Спектор го смета Сколс за најдобар играч со кој играл, подобар и од Кристиано Роналдо.

„Имав среќа да играм со некои од најдобрите фудбалери на сите времиња и многу научив од нив. Би било лесно да кажам дека најдобар е Роналдо, но ќе бидам искрен и ќе кажам дека Пол Сколс беше најдобриот играч со кој сум играл.“ – гласеше изјавата Спектор која ја даде неодамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…