Легендарниот Полс Сколс не го штеди Мурињо и играчите на својот бивши клуб и го користи секој момент да упати критики.
Мета на Сколс овој пат беа напаѓачите Санчез и Лукаку, а легендата твради дека клубот сега дошол за потсмев, како што тие му се смееле на Ливерпул во претходните години.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ние едноставно станавме нов Ливерпул. Ни се смеат фановите на најголемите ривали, како и оние на Манчестер Сити“, изјави Сколс.
„Алексис Санчез е толку себичен што не може да игра во Јунајтед, но не можат ни да го продадат бидејќи му дадоа огромна плата за да го купат пред носот на Сити“, заклучи Сколс и на крајот го прокоментира Лукаку.
„Не сум сигурен дека може Јунајтед да освои титула со голгетер како Лукаку. Неговата игра во казнетиот простор не е доволно добра, а надвор од шеснаесетникот го нема. Тој е брз и силен, но изгледа како да му недостасува самодоверба. Игра постојано бидејќи нема никој друг кој може да игра централен напаѓач“.
? "I saw him as a bit selfish, someone who played for himself sometimes. I didn't think he was a player that we needed, especially for that type of money."
Paul Scholes has taken aim at another Man Utd player, this time Alexis Sanchez ?https://t.co/BhpNSpHeDP
— Goal (@goal) October 16, 2018