Легендарниот Пол Сколс е убеден дека младиот Ерлинг Халанд може да го достигне нивото на кое се Лионел Меси и Кристиано Роналдо.
Пред да се премине во Борусија Дортмунд се зборуваше дека 20 годишникот би можел да го засили Манчестер Јунајтед, сепак тоа не се случи. Според Сколс Јунајтед не треба да се откаже и треба да продолжи да се бори за Халанд и да му даде предност во однос на Санчо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Халанд е сензационален. Верувам дека би можел да го достигне нивото на кое се Роналдо и Меси. Никогаш не сум мислел дека Санчо е идеален избор за нашиот клуб бидејќи веќе имаме такви играчи. Тој е добар и сигурно ќе напредува, но мислам дека Халанд е повеќе потребен на Јунајтед“, изјави Сколс.