Дома Фудбал Останато Сколс: Манчестер Јунајтед конечно доби играч кој е во рангот на најдобрите

Сколс: Манчестер Јунајтед конечно доби играч кој е во рангот на најдобрите

Уште во неговите први натпревари станува јасно дека Бруно Фернандеш ќе биде големо засилување за Манчестер Јунајтед.

Фернандеш оваа зима дојде во Јунајтед од Спортинг и веќе се наметна како лидер на Јунајтед. Легендарниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс е воодушевен од она што го прикажува Фернандеш.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сега имаме играч кој е во рангот со најдобрите во лигата. Де Брујн е најдобар, но Фернандеш е дефинитивно на тоа ниво. Во Спортинг играше навистина добро и требаше да го купиме и порано. Бруно го оживеа овој тим, сега сите сакаат да го гледаат Јунајтед“, изјави Сколс.

Интересно е што Солскјер неодамна кажа дека Фернандеш го потсетува на Сколс и дека може да биде еднакво важен за тимот како и своевремено Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…