Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Пол Сколс често пати знае да ги коментира случувањата во неговиот поранешен клуб, а во последно време само испраќа критики, меѓутоа реално и таква е ситуацијата во клубот.
Сколс за вчерашниот натпревар на Јунајтед против Партизан во студиото на „Би-Ти-Спорт“ ги коментираше случувањата на теренот и за прв пат после подолго време беше сведок на едно опуштено издание на „црвените ѓаволи“ кои овој меч го добија со 3:0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По натпреварот Сколс избра негов тим од сегашниот ростер на Манчестер Јунајтед и му предложи на Солскјер офанзивна формација.
„Ќе се одлучам за формација 4-1-4-1. Главното прашање за мене е кој би му бил партнер во одбраната на Мегваер. Покрај Мегваер потребно е еден брз, силен и агресивен играч. Не сум сигурен и мислам дека тука е потребно засилување, но од сегашните играчи би го избрал Туанзебе. Второто прашање е кој би бил „10-ка“. Потребен е играч кој ќе ја поврзе средината и нападот, Мата вечерва одигра добро, меѓутоа сметам дека не е решение за долги патеки“, изјави Сколс.
Во продолжение погледнете како изгледа тимот на Сколс.