Луис Фелипе Сколари се уште зборува за неговото заминување од Челзи во 2008 година.
Бразилецот пристигна на „Стенфрод Бриџ“ после седум години работа во меѓународниот фудбал, каде што ги водеше репрезентациите на Бразил и Португалија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сколари во Челзи заработи отказ во февруари 2009 година, после лошата форма на својот тим. Излезната врата му беше покажана после поразот од Ливерпул од 2:0 и ремито против Хал од 0:0.
„Стариот лисец“ сега откри дека Николас Анелка е човекот поради кој заработил отказ.
„Го имав Анелка кој игра во нападот. Деветка, најдобар стрелец во лигата, но тогаш тој ми кажа: Не сакам да играм на крилната позиција. Јас му одговорив дека некој мора да игра и дека тоа е завршена работа, но тој продолжи по свое. На крајот поради него, морав да заминам“, открива Сколари.