ХАРИ Кејн (29) е се поблиску до трансфер во Баерн Минхен.
Според извори на Билд, најдобриот играч на Тотенхем веќе се договорил за трансферот и доаѓањето во актуелниот германски шампион, а за реализација на оваа работа челниците на клубовите допрва треба да се договорат за висината на трансферот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инсајдерот Флоријан Плетенерг пишува дека Кејн одлучил и е 100 отсто сигурен дека сака да дојде во Баерн.
Кејн не размислува да се пресели во друг клуб, тој се договори со Баерн. Кејн е уверен дека може да ја освои Лигата на шампионите со Баерн и тренерот Томас Тухел“, пишува новинарот на Скај.
Капитенот на Англија, Кејн е член на Тотенхем, но на почетокот имаше кратки позајмици во Лејтон, Милвол, Норич и Лестер.
За Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна 280 голови. Тој е вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата по Алан Ширер.